Свет 02. јануари 2019. / 20:28

Страшна железничка несреќа во Данска 6 лица го загубија животот

Страшна железничка несреќа во Данска 6 лица го загубија животот

Железничката несреќа во која животот го загубија шест, а повредени се 16 лица, се случила поради пакети пиво кои испаднале од товарен воз што по пругата се движел пред патничкиот, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Мостот „Грејт белт“, што ги поврзува централните острови Зеланд и Фунен и што секој ден го поминуваат десетици илјади возила, беше затворен за сообраќај по несреќата што се случи во осум часот утрово.