Свет 30. април 2018. / 15:24

Страшна сообраќајка предизвикана од лубеници што испаднале од приколка

Страшна сообраќајка предизвикана од лубеници што испаднале од приколка

Лубеници кои биле превезувани во преполна приколка испаднале на пат во Филаделфија, при што била предизвикана сообраќајна незгода во која загинало едно лице.

Лубениците удриле во автомобил, чиј возач ја загубил контролата и излетал од патот. При инцидентот, животот го загубил 61-годишен патник во возилото, објави АП.

Возачот на автомобилот бил хоспитализиран, а возачот кој ги превезувал лубениците не бил сериозно повреден.