Доколку не се намали стапката на инфекција што е можно поскоро, Австрија ја чекаат црни денови, предвидуваат експертите.
Група австриски реномирани експерти предупредуваат дека се потребни решителни, поостри мерки за да се спречи колапсот на здравствениот систем на земјата кон средината на април, додавајќи дека десетици илјади ќе бидат мртви доколку не се преземат мерки.
Научниците истакнуваат дека е неопходно значително да се намали стапката на инфекција.
Научниците бараат помасовно тестирање, следење на граѓаните преку мобилните телефони и формирање на специјална болница наменета за пациенти со Ковид-19.
Досега во Австрија има потврдени 9.634 случаи, а починати 108 лица.