Двајца австриски државјани загинаа кога нивниот мал авион е урна на француските Алпи.
И покрај тоа што условите за летање биле одлични, ултралесниот авион се урнал на француските Алпи, соопштува планинарската служба на полицијата.
Авионот наеднаш ја изгубил својата траекторија и се урнал, а двете машки лица, 57-годишниот пилот и 13-годишното момче, кое најверојатно е негов син, загинаа на лице место, објави Вашингтон Пост.
Ултралесниот авион се урнал вчера попладне на насдморска височина од 2.400 метри во областа Горни Алпи на југоистокот на Франција.