Свет 03. мај 2018. / 17:10

Страшна несреќа: Се судрија возови во Чешка – над 14 повредени

Страшна несреќа: Се судрија возови во Чешка – над 14 повредени

Најмалку 14 лица се повредени денеска при директен судир на два патнички возови меѓу градовите Чешке Будејовице и Черни Кржиж во јужниот дел на Чешка.

Локалната служба за Брза помош соопшти дека при несреќата четири лица се здобиле со посериозни повреди, како и дека меѓу повредените има и три деца.

Во двата возови имало вкупно околку 50 лица, од кои поголемиот број биле туристи.

Несреќата се случила на делница од пругата, со која од декември минатата година стопанисува приватна компанија.

Причините за судирот засега не се познати. Поради несреќата сообраќајот по оваа пруга е во прекин, а властите формираа комисија за истражување на случајот.