Свет

Страшна несреќа на Волга: Во судир на бродови загинаа 11 лица

Страшна несреќа на Волга: Во судир на бродови загинаа 11 лица

Единаесет лица загинаа во судар помеѓу брод-шлепер и брод-катамаран на Волга кај Волгоград, соопшти службата за спасување на Русија.

Според најновите информации пет лица се спасени, пренесе Тас.

Несреќата се случила околу 22 часот по локално време во областа Волгоград, се наведува во соопштението на локалното министерство за вонредни ситуации, кое ја спроведе операцијата за спасување во текот на ноќта.

-Операцијата за спасување е завршена и последното тело е извлечено од водата. Има 11 мртви. – соопшти министерството.

На катамаранот имало најмалку 16 луѓе, а до несреќата дошло поради кршење на безбедносните прописи. Тој тип на брод, може да превезува најмногу 12 лица, а дополнително немал официјална дозвола, ниту светлосна сигнализација.