Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека врската помеѓу САД и Европа може да е ослабена поради несогласувањата за трговијата, климата или нуклеарниот договор со Иран.
– Нашата врска е силна, но некои се сомневаат. Точно е дека гледаме несогласувања меѓу САД и други сојузници за прашања како што се трговијата, климата и нуклеарниот договор со Иран. Не е запишано на камен дека трансатлантската врска засекогаш ќе постои, но верувам дека ќе ја сочуваме, нагласи тој во говорот во Лондон.
Столтенберг повика на меѓународни напори со цел поддршка за Алијансата.
– Можеби сме сведоци на ослабување на некои врски меѓу Северна Америка и Европа, но одржувањето на трансатлантското партнерство е во наш стратешки интерес, изјави првиот човек на НАТО.