Свет 07. јануари 2020. / 14:30

Столтенберг повика на воздржаност и намалени тензии по убиството на Сулејмани

Столтенберг повика на воздржаност и намалени тензии по убиството на Сулејмани

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика на воздржаност и намалување на растечките тензии меѓу САД и Иран по убиството на ирачкиот генерал Касим Сулејмани.

Столтенберг, кој претседаваше со вонредна средба на амбасадорите на НАТО во Брисел, изјави дека 29 сојузници повикале на воздржаност и деескалација и додаде дека новиот конфликт нема да биде во интерес на никого.

Тој додаде дека членовите на алијансата истакнале загриженост поради дестабилизирачките активности на Иран во поширокиот регион на Блискиот исток.

Прашан за загриженоста во рамките на НАТО во врска со тој едностран потег на Вашингтон, Столтенберг изјави само дека воздушниот напад е „одлука на САД“.