Свет 14. јануари 2021. / 23:01

Столтенберг: Да се казнат одговорните за упадот во Капитол

Столтенберг: Да се казнат одговорните за упадот во Капитол

Одговорните за насилниот упад на Капитол во Вашингтон мора да бидат казнети, коментираше денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со претседателот на Мавританија Мохамед Олд Газвани.

– Во врска со нападот на Капитол, важно е да бидат казнети сите одговорни. Уверен сум дека демократските институции на САД ќе се справат со ова, оцени тој.

Според Столтенберг, инцидентот е неприфатлив.

– Резултатите од изборите мора да се почитуваат. Ние мора да сториме се што можеме за да осигуриме дека се почитуваат нашите демократски вредности, додаде тој, нагласувајќи дека очекува да работи со новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, кој е „силно посветен на НАТО “.