Свет 01. април 2020. / 12:07

Стоиедногодишна жена во Холандија оздраве од корона вирусот

Стоиедногодишна жена во Холандија оздраве од корона вирусот

Жена од Холандија, која има 101 година, била примена в болница пред десетина дена, поради зараза со корона вирус. Таа имала тешкотии во дишењето, но успеала да ги надмине здравствените проблеми и сега ќе може да ја напушти болницата.

Таа е силна госпоѓа и убаво е да се види како ги слушаше здравствените совети, на пример, кивањето во лактот. Дури и ме предупредуваше мене да држам растојание – објаснува пулмологот Сунил Рамлал.

Името на старицата засега не се соопштува. Живее сама, но ќе мора да се одмори и рехабилитира во старечки дом, пред се врати дома.

Минатата седмица, светот го обиколи веста за 101-годишниот Италијанец кој оздравел од вирусот.