Свет 09. август 2020. / 11:53

Сто денови без ниту еден локално пренесен случај на Ковид-19 во Нов Зеланд

Сто денови без ниту еден локално пренесен случај на Ковид-19 во Нов Зеланд

Нов Зеланд има 100 дена без ниту еден нов случај на локално пренесување на коронавирусот, но властите предупредуваат дека е рано да се релаксираат мерките.

Во моментов има 23 позитивни луѓе во таа држава, но тие се откриени на граница и веднаш се ставени во карантин.

– Достигнувањето до 100 дена без локален пренос е важна фаза, но сепак, како што сите знаеме, не можеме да си дозволиме небрежност. Видовме во странство колку брзо вирусот може да се врати и да се шири на местата каде што претходно беше под контрола и мора да бидеме подготвени да спречиме секој нов случај во иднина во Нов Зеланд, изјави директорот на Агенцијата за јавно здравје Ешли Блумфилд.

Нов Зеланд ги затвори своите граници на 19 март. Оттогаш има строга контрола: секој човек што доаѓа во државата треба да биде 14 денови во изолација.

Новозеланѓаните живеат скоро нормален живот, без физичко растојание и со спортски и културни настани што се одвиваат нормално.