Поранешниот стратег од Белата куќа Стив Бенон изјави дека европските интеграции се мртви откако на изборите за Европскиот парламент во Италија, Франција и Британија победија националистичките и популистички партии.
Бенон смета дека резултатите од изборите покажале дека европскиот центар е нарушен и традиционалната лева и десна ориентација во политиката е заменета со битка на националистичките против глобалистичките сили, пренесе АП.
Според Бенон, евроскептичните партии ќе го блокираат секој обид за продлабочување на интеграцијата помеѓу земјите членки на ЕУ.
– Секој ден ќе биде како битка за Сталинград. – заклучи поранешниот стратег.