Австралија и Нов Зеланд ги примија првите пратки на вакцини против Ковид19 и следната недела ќе почнат со вакцинција на населението, соопштија властите.
Во меѓувреме во градовите Мелбурн и Оукленд остануваат мерките за затворање по појавата на новите случаи на зараза.
-Орелот слета, рече во Канбера австралискиот министер за здравство Грег Хант, откако стигна авионот со 142.00дози на вакцината, која ја создадоа Фајзер и БиоНТек.
На нов Зеланд премиерката Џасинда Ардерн рече дека стигна првата испорака од шеесет илјади вакцини на „Фајзер“ и БиоНТек“ и дека ќе поминат безбедносна проверка пред да почнат работниците во граничните служби да ги примаат од сабота.
-Ова ќе биде најголема сеопфатна кампања за вакцинација во историјата на оваа земја, рече Ардернова и додаде дека вакцините ќе бидат бесплатни за сите жители, без оглед на статусот на нивните визи.