Свет 19. март 2020. / 22:06

Стејт департментот издава најсериозна препорака за непатување во странство

Стејт департментот издава најсериозна препорака за непатување во странство

Стејт департментот се подготвува да објави четврта, најсериозна категорија на препорака за патувања во странство, со повик до американските граѓани да избегнат секакви меѓународни патувања, дознаваат некои медиуми во САД.

Во објавата, Американците во странство ќе се повикаат да останат на местото на престој и да се засолнат поради опасност од корона вирусот.

Четврта категорија на препорака за патувања во странство е најсериозна. Обично се однесува за региони и земји каде има војни или се погодени од големи катастрофи.

Досегашната препорака за патувања беше од трета категорија. Објавата не е задолжитена туку е само советодавна. Во моментов милиони Американци се наоѓаат во странство и многумина најверојатно ќе одлучат да останат таму каде што се, пишува „Њујорк тајмс“.

Канада исто така објави препорака до своите граѓани да се вратат дома или да не патуваат во странство.

Границите меѓу многу западни држави, како и онаа меѓу Канада и САД, се затворени освен за итни случаи, поради опасност од ширењето на вирусот Ковид-19, од кој најранливи се лицата постари од 60 години.