Лидерка на шкотската Национална партија (СНП), Никола Стерџен, ќе поднесе „демократско барање“ за втор референдум за независност на Шкотска во текот на оваа недела, јави „Скај њуз“.
Старџен најавува дека ќе го објави барањето за пренесување на власта од британскиот во шкотскиот парламент, за да се овозможи втор референдум за независност на Шкотска.
Во изјавата, првата министерка на Шкотска вели дека штотуку завршените избори демонстрирале голем момент, односно дека тоа што го сакаат повеќето луѓе во Шкотска е многу различно од тоа што го претпочитаат во остатокот од Велика Британија.
Таа додаде дека Шкотска треба да има право да ја разгледа алтернатива за независност.
– Затоа оваа недела, во согласност со категоричниот изборен мандат – засилен уште еднаш в четврток – ќе објавам детално демократско барање за трансфер на власта од Вестминстер во овој парламент (Шкотска) за да се овозможи референдум за независност што е повеќе од оправдано – изјави Старџен.