Свет 01. јуни 2018. / 12:26

Стапуваат во сила царини за ЕУ, Канада и Мексико

Стапуваат во сила царини за ЕУ, Канада и Мексико

Брисел најавува реципрочни мерки, кои ќе се однесуваат на познатите американски производи, какви што се мотоциклите Харли Дејвидсон, фармерки и виски.

Стапуваат во сила американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија. САД наметнaa царини од 25 проценти за увозот на челик и 10 проценти за увозот на алуминиум од Европската унија, Канада и Мексико.

Брисел најавува реципрочни мерки, кои ќе се однесуваат на познатите американски производи, какви што се мотоциклите Харли Дејвидсон, фармерки и виски.

Ова е лош ден за светската трговија, одговори претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Најави дека спорот ќе се решава во рамките на Светската трговска организација.