Денеска стапува на сила меѓународниот договор за забрана на нуклеарно оружје.
Договорот досега го ратификуваа 86 држави, а беше инициран од Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ИЦА), која ја доби Нобеловата награда за мир во 2017 година.
Договорот за забрана на нуклеарно оружје, е првиот правно обврзувачки меѓународен договор за сеопфатна забрана на нуклеарно оружје, со цел да води кон нивната целосна елиминација. Донесен е на 7 јули 2017 година.
За да стапи на сила, потребни беа потпис и ратификација од најмалку 51 земја. За оние нации кои се членки на него, договорот забранува развој, тестирање, производство, складирање, стационирање, трансфер, употреба и закана за употреба на нуклеарно оружје, како и помош и охрабрување на забранетите активности.
САД, Велика Британија, Франција и другите нуклеарни сили не го потпишаа договорот и ги бојкотираа преговорите што доведоа до него.