Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика меѓународната заедница да не ги повторува во Либија грешките направени во Сирија.
Ердоган ја испрати таа порака на церемонијата на отворање на новите објекти од Турско-германскиот универзитет во Истанбул, на која беше заедно со германската канцеларка Ангела Меркел.
Турскиот лидер истакна дека атмосферата на хаос во Либија ќе го засегне целиот средоземноморски басен.
Според него, напорите за постигнување мирно решение во Либија треба да бидат забрзани за повторно да не соберат сили терористичките групи, како Исламска држава и Ал Каеда.
– Ќе продолжиме да бидеме до своите либиски браќа во овие тешки времиња во името на мирот, спокојот и иднината – потенцира Ердоган.