Рускиот претседател, Владимир Путин, и неговиот американски колега Доналд Трамп се согласија дека денешните разговори во Хелсинки биле многу корисни и успешни.
Путин, кој говореше прв, за време на заедничката прес-конференција наведе дека станало збор за разни теми, меѓутоа иако напомена дека разговорите поминале во отворена и деловна атмосфера и биле успешни и корисни, сепак, понатаму додаде дека со Трамп не успеале да постигнат сосгласност за сите прашања.
„На сите им е јасно дека билатералните односи поминуваат низ сложена фаза. Сепак, за пречките и напнатоста во суштина не постои реална основа“, изјави Путин.
СВЕТТрамп и Путин ја оценија средбата корисна и успешна – „Лошите односи се променија пред четири часа“Објавено пред 19 минути – 16 јули, 2018Од Mak Fax
Рускиот претседател, Владимир Путин, и неговиот американски колега Доналд Трамп се согласија дека денешните разговори во Хелсинки биле многу корисни и успешни.
Путин, кој говореше прв, за време на заедничката прес-конференција наведе дека станало збор за разни теми, меѓутоа иако напомена дека разговорите поминале во отворена и деловна атмосфера и биле успешни и корисни, сепак, понатаму додаде дека со Трамп не успеале да постигнат сосгласност за сите прашања.
„На сите им е јасно дека билатералните односи поминуваат низ сложена фаза. Сепак, за пречките и напнатоста во суштина не постои реална основа“, изјави Путин.
Рускиот претседател додаде дека е потребно Русија и САД да го преземат лидерството за воспоставување на мирот во Сирија и за хуманитарната соработка во оваа земја. Путин истовремено посочи дека Москва очекува при решавањето на сирискиот конфликт да бидат земени предвид и интересите на Израел.
Од другата страна, претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека односите помеѓу двете земји никогаш не биле полоши, меѓутоа сето тоа се сменило пред речиси четири часа. Американскиот претседател посочи дека средбата со неговиот руски колега е само почеток на долгиот процес.
„Дури и за време на периодот на Студената војна, кога светот имаше поинаков статус од сегашниот, САД и Русија беа во можност да одржат стабилен дијалог, но наште односи никогаш во историјата не беа полоши од оние во моментот. Сепак, тоа се промени пред околу четири часа, убеден сум во тоа“, истакна Трамп.
Претседателот на САД, кој го опиша разговорот како исклучително продуктивен, во овој контекст додаде дека и двете земји се виновни за колапсот на билатералните односи.
„Сметам дека САД се глупави, сите сме глупави. Можевме да го започнеме дијалогот одамна. Мислам дека сите сме виновни, но САД и Русија направија чекор напред“, увери Путин признавајќи дека и двете страни си допуштиле повеќе грешки.
Трамп изрази надеж дека Путин и Русија се подготвени за соработуваат со САД за нуклеарното прашање со Северна Кореја. Истовремено, Трамп се осврна и на гасоводот „Северен тек 2“ коментирајќи дека во Трамп гледа конкурент и тоа многу добар конкурент. Трамп, говорејќи на оваа тема, го повтори и ставот дека Германија е под целосна контрола на Русија поради предвидениот гасовод.