Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика својот главен ривал, лидерот на Сојузот на партии на центарот сино-бело Бени Ганц и побара средба заради евентуално формирање влада на единство.
Средбата меѓу преговарачките тимови на Нетанјаху и Ганц е закажана за в среда во кнесетот, кога започнува и судското сослушување на Нетанјаху за корупција.
Претседателот на Израел, мандатот за формирање влада му го додели на Нетанјаху, откако за нов премиер го препорачаа 55 од вкупно 120 пратеници.
Ганц имаше поддршка од еден пратеник помалку, и покрај тоа што неговата партија освои повеќе гласови.