Свет 03. август 2018. / 22:20

Средба на министрите за надворешни работи на Јужна и Северна Кореја

Средба на министрите за надворешни работи на Јужна и Северна Кореја

Министрите за надворешни работи на Северна и Јужна Кореја се сретнаа денеска во Сингапур, каде учествуваат на форумот во рамки на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

– Тие отворено разменија мислења за широк спектар околности по средбите на врвот Северна Кореја – Јужна Кореја и Северна Кореја – САД, изјави јужнокорејски дипломат, за новинската агенција Јонхап.

Средбата меѓу севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг-хо и јужнокорејскиот колега Кан Кион-Ва се одржа за време на свечената вечера за учесниците на форумот на АСЕАН.

Претходно денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи се сретна и со својот јапонски колега Таро Коно.