Меѓу загинатите патници во авионот на смртта има и Србин.
Меѓу загинатите во паднатиот авион кој летал на релација Адис Абеба – Најроби е и еден Србин, пренесе Ројтерс повикувајќи се на соопштение од авио-компанијата.
Загинати се сите патници и членови на екипажот.
Меѓу загинатите патници 32 се државјани на Кенија, 18 на Канада, 9 на Етиопија, има по осум загинати државјани на Италија, Кина и Америка, по седум Британци и Французи, 6 државјани на Египет, 5 на Холандија и по четворица Словаци и Индијци.