Свет 02. јули 2018. / 17:44

Спремал терористички напад за Денот на независноста: ФБИ го уапси

Спремал терористички напад за Денот на независноста: ФБИ го уапси

ФБИ соопшти дека уапсен е мажот кој планирал да изврши терористички напад во Кливленд, на парадата, планирана за Денот на независноста на САД, 4 јули.

Како што пренесува АП, уапсен е Деметриус Питс, американски државјанин, кој често изразувал поддршка за Ал Каеда и кој се изјаснувал дека сака да убива американски војници.

Претставникот од ФБИ, Стивен Антони, истакнал дека Питс се движел околу локацијата во Кливленд, на која плнирал да го изведи нападот во центарот на градот.