Свет 02. јули 2018. / 15:04

Спречен е терористички напад во Белгија

Спречен е терористички напад во Белгија

Белгиската полиција уапси брачен пар од иранско потекло поради сомневање дека подготвувале бомбашки напад на собирот на иранската опозициона политичка групација.

Како што пренесува Ројтерс, белгиската полиција ги привела осомничените во саботата и во нивниот автомобил биле пронајдени 500 грама ТАТП експлозив направен од лесно достапни хемикалии како и детонатор.

АП наведува дека полицијата извршила рација во пет станови за време за викендот.

Обвинителството соопшти дека во Германија е приведен и соучесник на брачниот пар, а во Австрија е приведен еден ирански дипломат.