Спречен e атентат против поранешниот француски претседател Франсоа Оланд.
Припадник на терористичка ќелија, која беше демонтирана на 29 април, планирал да ја нападне претседателската палата во Париз, полицијата и поранешниот претседател Оланд.
Како што јави телевизијата БФМТВ, повикувајќи се на судски извори, лицето, кое е малолетно, е уапсено во Стразбур во април, заедно со уште други три лица. Истражните органи пронашле фотографија на која тој позира до поранешниот шеф на државата.
Овие четири малолетни лица се обвинети во почетокот на мај за криминално терористичко здружување.
Петтото лице, малолетник, е уапсено неколку дена подоцна.