Свет 31. октомври 2018. / 15:14

Според италијанската левица, тинејџерката силувана и убиена од мигранти имала среќа

Според италијанската левица, тинејџерката силувана и убиена од мигранти имала среќа

Фејсбук-страница на една италијанска левчарска група вели дека 16-годишната Дезире Мариотини имала среќа што била дрогирана, силувана и убиена од група мигранти бидејќи сега ја сметаат за жртва, пренесува „Ил џорнале“.

Во постот, кој беше поставен на страницата Potere al Popolo (Моќта на надорот) вели дека убиената Дезире имала среќа што ја убиле мигранти велејќи дека немало да има толку гнев меѓу Италијанците ако нејзините убијци не биле мигранти.

„Тоа посочува дека всушност не постојат праваза жените, сè зависи од оние што ќе ве повредат. Среќата на Дезире е трагедија на илјадници жени кои се малтретирани и злоупотребувани од италијански мажи. Деновите поминуват и Дезире станува се повеќе и повеќе невина: таа беше наркоманка, но сега можеби тајно ја дрогирале, навистина таа дури и не барала дрога”, пишува авторот, кој е дел од групата „анти-расисти”.

Италијанската полиција уапси тројца емигранти, двајца Сенегалци и еден Нигериец, во врска со наводното дрогирање, силување и убиство на 16-годишната Дезире Мариоттини. Убиството на тинејџерката во квартот Сан Лоренцо во Рим ги шокираше многумина во Италија, меѓу кои и популистичкиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, кој рече:

„”Ќе сторам сé за црвите виновни за овој ужас да платат за тоа.”

Обвинителите во случајот веруваат оти тинејџерката била дрогирана за да биде несвесна за време на силувањето, но исто така тврдат дека мажите кои ја дрогирале ѝ дале доволно дрога за намерно да ја предизвикаат смртта.