Безбедносните силина Венецуела ја опколиле и ја затвориле зградата во која се сместени службените простории на лидерот на опозицијата и самопрогласен претседател, Хуан Гваидо, кој во моментот е во Лондон во рамки на меѓународна турнеја со која бара поддршка за соборување на претседателот Николас Мадуро.
Припадниците на две елитни полициски единици ги блокирале влезовите во зградата во Каракас и ги затвориле околните улици со своите возила, но засега е не е познато дали полицијата влегла во канцеларијата на Гваидо којашто се наоѓа на третиот кат во зградата.
Пратениците кои се во коалиција со партијата на Гуаидо се собрале недалеку од зградата, велејќи дека ниту еден службеник не бил во зградата за да пренесе што точно се случува внатре. Според нив, полицијата спровела незаконска акција.
Полициската акција дојде неколку часа откако пратениците од опозицијата се обиделе да одржат седница на Националното собрание.
За време на меѓународната турнеја, Гваидо во понеделник во Колумбија се сретна со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во Лондон со британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за надворешни работи Доминик Раб, а денеска треба да говори и на Светскиот економски форум во Давос.