Свет 08. ноември 2019. / 14:13

Спасени рударите во Германија, извлечени на длабочина од 700 метри, двајца повредени

Спасени рударите во Германија, извлечени на длабочина од 700 метри, двајца повредени

Околу 35 рудари кои беа заробени после експлозија во рудник за калиум во источна Германија се спасени, пренесуваат германските медиуми.

Двајца од рударите се повредени, а сите се извлечени од длабочина од околу 700 метри во спасувачка акција.

Рударите после експлозијата биле сместени во безбеден сектор во рудникот во Тојтшентал, кој се наоѓа на 150 километри југозападно од Берлин, пренесува Ројтерс.

Рударската управа соопшти дека еден од повредените е во тешка состоја, а вториот е полесно повреден.

Како што се наведува, рудникот повеќе не е активен, но се користи за депонирање на отпадокот од рудата која се преработува.