Свет 08. октомври 2019. / 11:18

Спасени 44 мигранти – патувале во дрвен чамец по Средоземното Море

Спасени 44 мигранти – патувале во дрвен чамец по Средоземното Море

Екипажот на шпанскиот хуманитарен брод „Опен армс“ соопшти дека спасил 44 мигранти од дрвен чамец со кој по Средоземно Море патувале од Африка кон Европа.

Мигрантите биле лоцирани синоќа во територијалните води на Малта, 80 километри од италијанскиот остров Лампедуза.

Помеѓу 44 спасени мигранти 38 се мажи, четири жени, четиригодишно момче и едно бебе. Сите мигранти се во добра здравствена состојба.