Свет 31. октомври 2019. / 12:35

Спасени 200 мигранти од два брода на либискиот брег

Спасени 200 мигранти од два брода на либискиот брег

Либиската крајбрежна стража денеска соопшти дека крај нејзиниот срдеоземноморски брег пресретнала два дрвени брода и спасила 200 мигранти, меѓу кои имало седум жени и три деца.

Либиската морнарица наведе дека спасените мигранти биле во две дрвени бродчиња и дека главно потекнувале од африканските и арапските земји.

На мигрантите им била поделена помош и тие се префрлени во притворскиот центар во престолнината Триполи, пренесуваат американските медиуми