Човек од Сингапур е спасен откако три месеци поминал на јахта на море, лутајќи од пристаниште до пристаниште, затоа што државите одбивале да му дозволат да се вкотви поради тоа што пристаништата ширум светот се затворени поради пандемијата на корона вирусот.
Мажот конечно е доведен на Фиџи. Тој на 2 февруари тргнал од Сингапур на крстарење што требало да трае три години.
Пловев од Индонезија кон Папуа Нова Гвинеја бидејќи времето беше добро, но кога пристигнав до границата, таа беше затворена и продолжив кон Соломонските Острови. Тука исто така беше затворено и продолжив до Тувалу, каде не ми дозволија да се вкотвам, но ми дадоа храна – изјави Сингапурецот.
Тој на Фиџи пристигнал на 28 април, но бидејќи неговата јахта била оштетена поради силните ветрови го спасиле маринци од Фиџи, а бродот е доведен до пристаништето.