Свет 23. мај 2018. / 11:54

Советот за безбедност на Израел се состанува во подземен бункер

Советот за безбедност на Израел се состанува во подземен бункер

Составот на изреалската влада задолжен за безбедност се состанува еднаш дневно во нов подземен бункер во Ерусалим, јавуваат израелските медиуми.

Таканаречениот безбедносен кабинет претходно се состануваше во канцеларијата на премиерот, а промената на местото за состаноци може да биде сигнал за чувствителноста на дискусиите, додека некои познавачи на блисоисточните прилики сугерираат дека ова претходи на можна ескалација на непријателството со Иран.

Разговорите во бункерот наречен Национален центар за менаџмент исто така, би можеле да спречат претукувања на информации во медиумите.

Одлуката состаноците да одржуваат во бункерот ја донесе премиерот Бенјамин Нетанјаху и таму веќе се одржани два состаноци на кабинетот кој го сочинуваат 11 членови, а третиот е закажан за денеска, јави израелското воено радио.

По нападите на израелските воздушни сили на иранската база во Сирија пред две недели, кабинетот наводно ја формулира политиката и одлучува за односите кон Иран и Сирија.