Свет 03. декември 2019. / 09:48

Советот за безбедност ги повика сите земји земји да го почитуваат ембаргото на испорака на оружје во Либија

Советот за безбедност ги повика сите земји земји да го почитуваат ембаргото на испорака на оружје во Либија

Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика сите земји да го почитуваат ембаргото на испорака на оружје во Либија и да се држат на страна во конфликтот во таа северноафриканска држава.

Набљудувачите на ОН за почитување на санкциите претходно ги обвинија Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Турција за кршење на ембаргото.

Советот за безбедност на ОН бара од сите држави да не интервенираат во конфликтот ниту да преземаат акција која би го влошила конфликтот и изрази загриженост поради зголемената вклученост на платеници во конфликтот.

Одлуките се усвоени со консензус.