Советот на Европа предупреди дека во пост-корона периодот во свет ќе има зголемена опасност од употреба на биолошко оружје, како што се вируси или бактерии, .
Експерти за безбедност при Советот за Европа истакнаа дека глобалната здравствена криза може во иднина да ја зголеми употребата на биолошко оружје од страна на терористи.
Пандемијата на Ковид-19 покажа колку е ранливо современото општество кон вирусни инфекции и нивни ефекти – се наведува во соопштение на Комисијата за борба против тероризмот при Советот на Европа, пренесено од германскиот печат.
Според експертите, нема причина да се верува дека терористичките групи ќе ги заборават поуките од оваа пандемија, додавајќи дека „штетите ќе бидат брзи и потенцијално глобални“.
Во соопштението се додава дека германските безбедносни агенции се уште не откриваат дали се во тек такви напади.
Штетите за луѓето и економиите од намерната употреба на причинители на болести, како што се вируси или бактерии, со цел да се изврши терористички напад, може да бидат „значително поголеми“ од оние на „традиционалниот“ терористички напад.
Експертите упатија апел до европските земји да реагираат посилно и координирано на оваа закана.
Тие конкретно ги повикаа 47 земји членки на Советот на Европа да се подготват за борба против напад со биолошко оружје, учествувајќи во вежби за да ја разработат ситуацијата.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш минатиот месец изјави дека постои зголемена опасност од напади на биотероризам, чија цел е создавање пандемија слична на Ковид-19.