Поранешниот разузнавачки директор, Ричард Гренел, кој беше еден од клучните иницијатори на договорот помеѓу Косово и Србија и противник на тарифите поставени од Косово, денес ќе одржи прес-конференција во Лас Вегас.
Гренел е дел од кампањата на Доналд Трамп и е жесток критичар на демократската партија на овие избори, обвинувајќи ги за изборна измама и фалсификат. Неговата прес конференција е закажана за 16:30 часот и се очекува да најави тужби до надлежните судови за наводно прекршување на изборните правила.
На својот Твитер профил Гренел напиша:
„Демократите од секогаш биле против покажување на лична карта при гласањето. Сега дознавме зошто. Тие сакаат да ги пребројат нелегалните гласови. Бараме да се бројат САМО ЛЕГАЛНИТЕ ГЛАСОВИ“
Кампањата на Трамп тврди дека најмалку 10,000 луѓе гласале во државата Невада, и покрај тоа што тие не живеат во истата веќе долго време. Трамп на социјалните мрежи објави дека подитно бара броењето на гласовите да престане.
Бидете во тек со најновите информации за изборите во САД: