Свет 27. мај 2019. / 19:06

Советникот на Трамп со порака до Македонија: Европските интеграции се мртви

Советникот на Трамп со порака до Македонија: Европските интеграции се мртви

Поранешниот стратег од Белата куќа, Стив Бенон изјави дека европските интеграции се мртви откако на изборите за Европскиот парламент во Италија, Франција и Британија победија националистичките и популистички партии.

Бенон смета дека резултатите од изборите покажале дека европскиот центар е нарушен и традиционалната лева и десна ориентација во политиката е заменета со битка на националистичките против глобалистичките сили, пренесе АП.

Според Бенон, евроскептичните партии ќе го блокираат секој обид за продлабочување на интеграцијата помеѓу земјите членки на ЕУ.

Секој ден ќе биде како битка за Сталинград,  заклучи поранешниот стратег.