Трговскиот советник во Белата куќа и специјалист за Кина, Питер Наваро, смета дека Пекинг криел информации за епидемијата на корона вирусот и за бројката на заразени за да победи во конкурентната борба за создавање вакцина.
САД, земја која најмногу настрада од пандемијата, повеќепати бараше навремени информации за ширењето на заразата кое почна во Кина.
Една од причините зошто не прикажаа информации за овој вирус на почетокот е дека тие се во трка за вакцина и сметаат дека ова едноставно е бизнис можност, дека би можеле да ја продаваат вакцината на светот. Но, ние ќе ги победиме. Ќе победиме благодарејќи на лидерството на претседателот Трамп. Ќе победиме затоа што министерството за здравство и социјала веќе почнаа трка со учество на пет компании – изјави Наваро.
Советникот Наваро е еден од најблиските соработници на претседателот Доналд Трамп, кој уште во јануари во меморандум пратен до Советот за национална безбедност на САД предупреди за опасноста од корона вирусот, пренесува Њујорк тајмс.