Свет 24. март 2020. / 13:47

Состојба со коронавирусот во светот до 13 часот

Состојба со коронавирусот во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 392. 399 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 17.147, а оздравеле 103.393 лица.

Австрија – Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека целта на неговата Влада е да се бори колку што е можно повеќе за тестирање на граѓаните, покрај намалување на социјалните контакти. „Главната цел е да се спроведат што е можно повеќе тестови. Колку повеќе, толку подобро, затоа и наредив на провинциите и министерот за здравство да го зголемат капацитетот на тестови на 15.000 на ден“, рече Курц на прес-конференција.

Шпанија – Властите соопштија за нови 6.600 случаи на заразени со новиот коронавирус, и над 500 починати во изминатите 24 часа.

Иран- Бројот на смртни случаи зголемен на 122, вкупно – 1.934 луѓе. Меѓу нив е и девојче на шестгодишна возраст во провинцијата Северен Хорасан.

Русија – Дел од најголемите фабрики за челик прекинаа времено со тестови за алкохол за вработените поради пандемијата на Ковид-19.

Италија – Бројот на заразени со новиот коронавирус во Италија е веројатно десетпати поголем отколку што се официјалните бројки – 64.000. Тоа го изјави шефот на италијанската Цивилна заштита. Најновите податоци покажуваат дека во Италија починале 6.077 лица за еден месец од Ковид-19.