Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го објави составот на новата влада од 16 министри. Клучниот ресор за финансии му го довери на неговиот зет Берат Албајрак, а го задржа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
40 годишниот Албајрак е оженет за постарата ќерка на Ердоган, Есра и од 2015 година је има функцијата министер за енергетика. Нов министер за одбрана е досегашниот началник на генералштабот Халсуи Акар.
Како што е познато Ердоган вчера положи заклетва за новиот петгодишен мандат со проширени овластувања во согласност со минатогодишниот референдум.