Освен што се билионери и трошат многу од нивното богатство да промовираат одредени каузи, левичарскиот финансиер Џорџ Сорос и десничарот Чарлс Кох имаат нешто заедничко.
Тие можат имаат сосема спротивни позиции. Сорос може да се нарече Њу Дил либерал. Од друга страна браќата Кох се десничари кои сонуваат за кратење на даноците и т.н. распад на владата. Сега, двете спротивставени страни за нешто се согласуваат: САД мораат да стават крај на “вечната војна” и да адаптираат сосема нова надворешна политика, пренесува Бостонглоб.
Во едно од највлијателните партнерства во модерната политичка историја на Америка, Сорос и Чарлс Кох, поактивниот од двајцата браќа, се здружуваат за да финансираат нова надворешно-политичка тинк тенк организација во Вашингтон. Со тоа ќе промивираат пристап базиран на дипломатија и воздржаност, наместо договори, санкции и бомбардирање.
Ова е радикална промена за Вашингтон, каде секоја поголема тинк тенк промовира варијанти на неоконзервативен милитаризам или либерален интервенционализам. Сорос и Кох се здружуваат да ја вратат визијата за мирољубиви Соединети држави.
Името на оваа нова организација ќе биде Квинси Институт за одговрен стејткрафт, во чест на Џон Квинси Адамс, кој во 1821 година декларирал дека САД нема да одат странство за да бараат чудовишта и да ги уништуваат, туку ќе имаат добра намера за слобода и независност на ситемите.
Овој институт ќе промира надворешна политика базирана на живеј-и-остави-ги-да-живеат принципот.