Во пресрет на изборите за Европскиот парламент , политичкиот активист , Џорџ Сорос упати драматична порака до граѓаните на Европската Унија.
Европа е во сон , месечари кон целосниот заборав и нејзините жители мора да се разбудат пред да стане предоцна, напиша Сорос на деловниот портал Маркет Воч.
Тој додава дека ЕУ , доколку не се активираат нејзините жители ќе се соочи со сценарио на распад како Советскиот Сојуз.
Нашите лидери, но и обичните граѓани не разбираат дека минуваме низ револуционерен период во историјата , во кој сите можности се отворени , а крајниот исход е неизвесен. Многумина веруваат дека иднината повеќе иоли помалку ќе наликува на сегашноста , но тоа не мора да биде така. Во својот долг животен век бев сведок на многу периоди на радикален дисбаланс. Моментално живееме во таков период, напиша Сорос.