Свечената инаугурација на Џо Бајден ќе почне во 10:30 часот по локално време (17:30 по македонско), а Бајден и потпретсeдaтелкaта Камала Харис ќе положат заклетва на пладне.
Во Капитол пристигнуваат гости, а таму веќе се Барак и Мишел Обама, како и Бил и Хилари Клинтон.
Церемонијата вообичаено во живо ја следат стотици илјади луѓе, но овој пат се очекуваат многу помалку набљудувачи поради епидемиолошките мерки во епидемијата на коронавирусот од кој досега починаа повеќе од 400.000 Американци.
Трамп денеска ја напушти Белата куќа и и се обрати на јавноста, велејќи дека „ќе се врати во некаква форма“. Бајден на Твитер објави дека денеска е нов ден во Америка. Трамп му остави порака на Бајден во Белата куќа, но содржината на пораката не е објавена.