Свет 29. август 2018. / 09:33

Сомнително предупредување од Москва

Сомнително предупредување од Москва

Руската влада предупредува од наводен напад со отровен гас од страна на противниците на Асад во Идлиб. Но, предупредувањето е сомнително.

Руското министерство за одбрана во саботата ја предупреди меѓународната јавност: сириски бегалци, членови на исламистичката група Тарир ал-Шам, подготвувале напад со хемиско оружје во провинцијата Идлиб, во северозапдна Сирија. Групата, според портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, инсценира таков напад за потоа пред очите на светската јавност да излезе дека нападот го извршила владата на Асад.

Бунтовниците, како што се вели, во едно село во близина на градот Јиср ал-Шугур, веќе донесле повеќе канистери со хлорофин. Тие наводно веќе ангажирале и странска фирма која треба да им помогне во подготовката на нападот. Освен тоа, се тврди и дека дел од извршителите на нападот планираат да се облечат како членови на групата за спас Бели шлемови и да спасуваат жртви од инсценираниот напад. По реалните напади од страна на режимот, имено, спасувачката група Бели шлемови спасува жртви меѓу цивилното население.

Конашенков, според светските медиуми, вели дека смислата на намерите на бунтовниците е јасна: бунтовниците сакаат да им обезбедат изговор на САД, Велика Британија и Франција за да напаѓаат од воздух натамошни цели на сириската влада.