Свет 25. октомври 2018. / 16:56

Сомнителен пакет испратен до поранешниот американски потпретседател Џо Бајден

Сомнителен пакет испратен до поранешниот американски потпретседател Џо Бајден

Нов сомнителен пакет беше денеска испратен до поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, сличен на пакетите што содржат експлозивни направи, а во текот на вчерашниот ден или утринава беа испратени до истакнати демократи, компании и телевизијата Си-ен-ен.

Сомнителниот пакет бил денеска пресретнат во објект на пошта во Делавер, а акцијата на полицијата во Њукасл ја потврди и ФБИ.

Утринава Федералното истражно биро на САД (ФБИ) потврди дека пронашло два нови сомнителни пакета испратени по пошта, а упатени до претставникот на Демократската партија на Калифорнија во Претставничкиот дом на САД, Максин Вотерс.

Сомнителен пакет, сличен на оној што вчера беше испратен до Си-ен-ен и до високи претставници на Демократската партија, денеска беше испратен во ресторанот што е во сопственост на холивудскиот актер Роберт де Ниро во Њујорк.