Свет 27. март 2020. / 10:11

Солана позитивен на Ковид-19, хоспитализиран во Мадрид

Солана позитивен на Ковид-19, хоспитализиран во Мадрид

Шпанскито социјалист  Хавиер Солана (77) е заразен со новиот коранавирус и е хоспитализиран во Мадрид.

Солана откри дека е заразен со Ковид-19 откако на „Твитер“ јавно се прости од починат пациент од истата болничка соба.

Солана беше генерален секретар на НАТО од 1995 до 1999 година, а потоа беше висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европска унија од 1999 до 2009 година.