Свет 21. декември 2018. / 20:44

Со „жолти елеци“ гардистите на Лондонската кула штрајкуваат првпат по 55 години

Со „жолти елеци“ гардистите на Лондонската кула штрајкуваат првпат по 55 години

Гардистите на Лондонската кула денеска ги заменија традиционалните црвено-златни униформи со „жолти елеци“ во знак на протест против неповолниот пензиски систем.

Офицерите задолжени за поддршка на кралските палати, вклучувајќи ги и познатите „бифитери“ (чувари на Кулата) и чуварите на Кенсингтон Палас, одлучија да започнат штрајк, првпат по 55 години.

Причината за незадоволството е одлуката на нивниот работодавач да воведе нов пензиски план кој предвидува зголемување на придонесите за пензиско осигурување.

Министерството, одговорно за одржување на кралските палати, соопшти дека веќе предложило „значителна компензација” и презела други мерки за „11-те проценти вработени” погодени од новиот систем, кој посебно ги засега помладите вработени.