Холандските банки ги затворија банкоматите преку ноќ за да се борат против нападите од криминалните банди кои користат се повеќе експлозивни направи за пристап до пари.
Овој потег да се затворат банкоматите секоја вечер помеѓу 11 и 7 часот, следи по одлуката на АБН Амро претходно овој месец да затвори и да испразни 479 банкомати како одговор на наглиот пораст на експлозивни напади.
Од заедничката мрежа на банкоматиод холандскиот банкарски сектор велат дека овие правила ќе стапат на сла веднаш, пренесува Investor.me.
Затворањето на банкоматите во текот на ноќта треба да има мало влијание врз достапноста на готовина, затоа што помалку од два проценти од повлекувањето на готовина на тие локации се вршат во текот на ноќта.
Инаку Специјалните единици за борба против бомбашките напади на банкомати формирани од холандските полициски сили уапсија повеќе од 70 лица оваа година