Италијанската влада усвои нов пакет економски мерки во вредност од 25 милијарди евра за да ги ублажи ефектите од пандемијата на коронавирусот врз економијата и населението.
„Овие мерки главно го штитат вработувањето, ги поддржуваат работниците, компаниите, го олеснуваат рокот за плаќање данок, им помагаат на регионите, локалните власти и југот“, рече премиерот Џузепе Конте на прес-конференција, пренесува Ројтерс.
Според оваа одлука, компаниите кои добиваат државна помош за плати нема да можат да отпуштаат работници за тоа време, а олеснување е предвидено и за компании кои започнуваат деловни активности.