Медицинска студија направена на Универзитетот во Хонг Конг покаала дека комбинација на три антивирусни лекови во третманот на Ковид-19, со примена на терапија која го зајакнува имунолошкиот систем, доведува до побрзо закрепнување на пациентите.
Д-р Квок-Јунг Јен и неговите колеги од Универзитетот во Хонг Конг тестирале комбинација на три антивирусни лекови за лекување на пациенти заразени со корона вирусот.
Тепарија вклучува комбинација на ритонавир и лопанивир што се користи за лекување на ХИВ, бета интерферон, лек за мултиплекс склероза и ремедивир што обично се користи за лекување на Ковид-19. Сите пациенти вклучени во студијата имале благи до умерени симптоми на болеста, а терапијата била спроведена во првите седум дена по добивањето на позитивен резултат на тестот.
Една група пациенти била лекувана само со комбинација на лекови што се користат како терапија за ХИВ, додека другите биле третирани со комбинација на сите овие лекови. Истражувањето покажало дека првата група на пациенти биле болни во просек 12 дена, а другите седум дена.
Освен тоа, пациентите третирани со комбинација на три антивирусни лекови биле во подобра состојба по само четири дена.
Оваа терапија е супериорна во однос на ритонавир и лопанивир во смисла на ублажување на симптомите на болеста и скратување на нејзиното траење, посочуваат авторите на оваа студија.
Тие тврдат дека терапијата е безбедна и дека има малку несакани ефекти, како и дека е многу важно да се почне со терапија што е можно поскоро по добивањето на позитивниот тест..
Д-р Питер Чин-Хонг од Универзитетот Калифорнија, во Сан Франциско, тврди дека оваа студија нуди нова надеж за третман на пациенти со Ковид-19. Тој за „Си-Ен-Ен“ изјави дека овие лекови се безбедни и лесно достапни, за разлика од ремдесивер.