Комбе се забило во влезот на просториите на холандскиот весник „Телеграф“ во Амстердам и предизвика голем пожар.
Возачот избегал, а повредени нема. Полицијата навела дека се работи за напад со намера.
Инцидентот се случил во 4 утринава, а комбето успеало да го пробие стаклото и да влета во просториите.
Пламенот отишол и до 14 метри во височина, но пожарникарите успеале брз да го изгасат.
Полиијата соопштила дека возачот избегал и дека е во бекство. Главниот уредник на Телеграф, Пол Јансен вели дека станува збор за напад.
Aanslag op De Telegraaf-gebouw: ‘Vlammen tot 14 meter hoog’ https://t.co/hvz89jnxul
— De Telegraaf (@telegraaf) June 26, 2018